Израел забрани патување во САД и Германија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Израелската влада воведе забрана за патување во САД, Канада и осум други држави поради брзото ширење на сојот омикрон низ светот. Ретката одлука САД да се стават на црвената листа лично ја соопшти премиерот Нафтали Бенет.

САД се придружуваат на сè подолгата листа европски земји и други дестинации во кои што на Израелците им е забрането да патуваат, а по враќањето оттаму мора да одат во карантин, дури и ако се вакцинирани со две дози. На оваа листа од среда ќе се најдат и Белгија, Германија, Унгарија, Италија, Мароко, Португалија, Швајцарија и Турција.

Израел меѓу првите ги затвори своите граници за странци откако омикрон беше откриен, но и покрај тоа, бележи пораст на новозаразени. Во земјата досега се потврдени 175 случаи на омикрон.

Премиерот Бенет ги повика родителите да си ги вакцинираат децата бидејќи во земјата почнал петтиот бран на пандемијата. Повеќе од 4,1 милион од 9,3 милиони жители на Израел се вакцинирани со третата доза на вакцината на „Фајзер/Бионтек“.

Latest News

Euro 2024 Schedule Revealed Key Dates and Matches

The UEFA European Championship, commonly known as the Euros, is one of the most prestigious football tournaments in the...

More Articles Like This