дома Свет ИЗРАЕЛ ИЗВРШИ НАПАД ВО ГАЗА: По експлозија на бомба во близина на...

ИЗРАЕЛ ИЗВРШИ НАПАД ВО ГАЗА: По експлозија на бомба во близина на Израелски пункт, ИДФ го бомбардираше појасот Газа со тенкови

Израелски тенкови отвориле оган кон караула лоцирана во јужниот дел на појасот Газа, информираат од Израелската армија (ИДФ). Бомбардирањето следело откако експлозивна направа била детонирана во близина на патролна точка на израелската армија

Трупите на ИДФ биле во патрола во моментот кога експлодирала направата, информира армијата на твитер. Сеуште не е познато дали експлозијата предизвикала жртви. Како одговор на тоа, ИДФ отворила тенковски оган на караула во подрачјето на јужна Газа.

Според информациите, бомбардирањето било кон позиции на Хамас лоцирани источно од градот Хан Јунис, според Израелските медиуми.