Колинда Грабар Китаровиќ е првата жена претседател на Хрватска, која е пример за многу жени во регионот.
Колинда пораснала во село и никогаш не сонувала да биде водач на држава, а денес таа е помеѓу омилените политичари во светот.
Во продолжение прочитајте неколку факти за хрватскиот лидер и нејзината успешна приказна:
На 17 години, оди да учи во САД, а откако се враќа продолжува да студира на Факултетот за политички науки во Загреб
Пред да стане претседател, била Министер за надворешни и европски прашања, Амбасадор во САД и Асистент секретар генерал на НАТО за републичка демократија
Претседателката е среќно омажена, има две деца – Лука и Катарина
Во медиумите вирално се проширија лажни фотки од неа во бикини, кои всушност се од моделот Коко Остин, но тоа не го наруши нејзиниот имиџ
Хрватите ја нарекуваат народен претседател, бидејќи може да се забележи како се вози во јавен превоз, пазари и јаде во кантини заедно со граѓаните