дома Свет Изреал повторно бомбардира во Либан

Изреал повторно бомбардира во Либан

Израелски борбени авиони извршиле два напада врз цели во предградие на либанскиот град Махмуд, околу 12 километри од израелската граница, објави телевизијата Ал Манар.

Kако одговор на претходните проектили истрелани врз Израел од либанска територија, aвионите нападнале рампи за лансирање ракети во јужен Либан.

Засега никој не ја презеде одговорноста за ракетниот напад извршен од Либан, каде што превласт имаат припадниците на Хезболах, поддржани од Иран.

Израелската војска во четвртокот соопшти дека нејзините борбени авиони, како одговор на ракетните напади, погодиле места од кои биле истрелани ракети кон Израел и инфраструктура „која се користи за тероризам“.