дома Македонија ИЗЈАВА НА ЛЕКАРИТЕ: Два пати бил враќан во живот, лекарите на КАРИЛ...

ИЗЈАВА НА ЛЕКАРИТЕ: Два пати бил враќан во живот, лекарите на КАРИЛ се бореле за животот на Никола, но, за жал, тој им подлегнал на повредите

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Лекарите на КАРИЛ неколкупати го враќале во живот дваесет и едногодишниот Н.С. кој на 29 јуни физички беше нападнот од три машки лица на автобуската постојка на бул. „Александар Македонски“ во Скопје, но за жал, им подлегнал на повредите, велат од Клиниката за анастезија, реанимација и интензивно лекување.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Раководителот на КАРИЛ, доктор Маја Мојсова изјави дека момчето било донесено во Ургентниот центар со немерлив притисок и со слаб пулс.

– Откако е почната срцева белодробна мозочна реанимација е пренесено во КАРИЛ во многу тешка состојба со многу тешки повреди на мозокот и со многу тежок исход. На неколку пати е враќано во живот, но за жал подлегна на повредите – додаде доктор Мојсова.