дома Актуелно ИЛИЕВСКИ: Тука стои горд народ на оваа држава..Тргнете ги вашите раце од...

ИЛИЕВСКИ: Тука стои горд народ на оваа држава..Тргнете ги вашите раце од државата ..Еве сме тука, исправени пред вас со цврста кичма

Тука стои горд народ на оваа држава. Тргнете ги вашите раце од државата и не не’ убедувајте дека и мислите убаво на Македонија. И Заев и останатите кои заговараат да се протурка ова редефинирање, видете не’. Еве сме тука, исправени пред вас со цврста кичма. Ако и мислите добро на Македонија, откажете се од платформата.

Ова на денешниот масовен протест во Скопје на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ го истакна еден од организаторите на иницијативата, Богдан Илиевски.

Според него, целта на платформата е промена на знамето, химната и грбот на Македонија, како и да се променат парите и да се воведат двојазични денари.

-Целта е менување на знамето, химната и грбот на државата. Нема да им помине! Целта им е да ги сменат парите и да се воведат двојазични денари. Тоа е фундаментот на една држава. Нема да им помине! Целта им е да воведат двојазичност, и за секогаш да ја изменат Македонија. Нема да им помине, посочи Илиевски.

Вели дека тиранската платформа удира по фундаментот на Македонија, и по суштината на Македонија како заедничка држава на сите граѓани без оглед на националноста.