дома Хроника Имал мacивна бpoнxoпневмонија: Детали за 24 годишникот кој денес починa од Kовид-19

Имал мacивна бpoнxoпневмонија: Детали за 24 годишникот кој денес починa од Kовид-19

24-годишникот од Ресен кој денеска почина како последица на Ковид-19 бил примен на 24 август на Инфективна во Битола, велат од министерството за здравство. Пациентот имал ниска сатурација и отежнато дишење. По направените леркарски проверки, веднаш му била дадена терапија, меѓу другото и кислородна поддршка, но тој одбил да остане во болница, по што, откако потпишал изјава дека си оди на сопствена одговорност заминал од болницата со препишана терапија која треба да ја прима во модуларната болница во Ресен.

Следниот ден, поради влошена состојба бил донесен во битолската болница, каде поради тешка општа состојба ббил веднаш хоспиталииран. Поради ниската сатурација, бил поставен на двојна кислородна поддршка, интензивна терапија, но и покрај тоа постојано му се влошува состојбата и паѓа сатурацијата. На 27 август утрото и покрај обидите на лекарите да го спасат, пациентот починал.