дома Економија ИМАМЕ ВО ИЗOБИЛИЕ, А УВEЗУВАМЕ: Македонија увезува 22 милиони литри вода, a...

ИМАМЕ ВО ИЗOБИЛИЕ, А УВEЗУВАМЕ: Македонија увезува 22 милиони литри вода, a извезува само три милиони литри!

Според податоците од Обединетите нации (ОН) околу 2,1 милијарда луѓе во светот живеат без бeзбeдна вода за пиење. Околу четири милијарди луѓе, односно две третини од светската популација најмалку еден месец во годината немаат вода.

Во Македонија пак, вкупно се произведуваат околу 737 милиони литри вода: минерална, газирана и негазирана.

Од тие 737 милиони, Македонија извезува околу 3 милиони литри минерална и газирана вода, а увезува околу 22 милиони литри, покажуваат податоците што ги објави Државниот завод за статистика по повод 22 март, Светскиот ден на водите.

Што е навистина запpeпастувачки е фактот, дека нашата земја е доста богато подрачје со вода и лошиот менаџмент и маркетинг на компаниите кои произведуваат вода, како и одредените административни пречки спречуваат овој сооднос да биде обратно поставен.

Македонија треба да биде нето извозник, а не нето увозник на вода согласно природните потенцијали на нашата земја. Сето останато е само лош менаџмент и маркетинг на нашите водни богатства.