дома Македонија Има ли Скопје градноначалник: Градски парк се дави во ѓубре

Има ли Скопје градноначалник: Градски парк се дави во ѓубре


Иако Градскиот парк на некој начин се наоѓа во дворот каде што е сместено седиштето на Град Скопје, паркот се дави во смет а надлежните служби не реагираат. На социјалните мрежи масовно се споделуваат фотографии од ужасната состојба во која се наоѓа Градскиот парк.

Паркот е полн со смет, а настрадаа и водените површини кои веќе подолго време се преполни со шишиња, кеси и разни отпадоци. Додека градоначалникот Шилегов се занимава со дневно политички настани, за состојбата со градската чистота имаме молк од општината.