January 30, 2023, 8:09 am

Им се бара митo за да поминат од прва: Граѓаните маkа мaчат со полагањето за возачка дозвола

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ако сакате да добиете возачка дозвола, не секогаш обуката за возење може да заврши работа. За она што беше јавна тајна, кандидатите и инструкторите сега отворено зборуваат за корупцијата за добивање на дозволи. Ако во редовна постапка добивањето на дозвола за категоријата Б чини близу 500 евра, кандидатите плаќаат уште по стотици евра за неколкукратното полагање на градското возење, кое чини по 70 евра. Некои кандидати тврдат дека им била понудена можност да дадат мито за да поминат на прва, во спротивно мака ќе мачат, објавува Алсат.

Бројни критики кон Испитниот центар за возачки дозволи во Скопје доаѓаат и од повеќето инструктори во различни автошколи во главниот град. Според нив, имало креирана шема која ги фаворизира кандидатите од автошколи што даваат мито, велат инструкторите. Еден од нив, не сакајќи да зборува пред камерите, за да не остане без работа, вели дека имал лични искуства кога посредници му понудиле да го поврзат со канцеларијата на директорот.

Според кандидатите и инструкторите, оние кои не даваат мито мораат да полагаат по неколкупати. Има и такви кои не го положиле овој тест дури 10 пати. Некои велат дека или треба да бидете генијалец или да имате премногу врски за да поминете од втор пат. Тие обвинуваат дека од комисијата некогаш намерно се носи кандидатот по најсложените улици низ градот за да направи грешки.

„Ова е една од автошколите која се тестира на најлошата раскрсница во Скопје, во близина на училиштето Блаже Конески, каде што според инструкторите, тоа е улицата каде најтешко може да се помине возачкиот испит во градско возење”

Од центарот на Скопје не сакаа да зборуваат пред камера, одговарајќи писмено. Според нивните податоци, во текот на минатиот месец од 1.794 кандидати возачкиот испит во градско возење не го поминале 281. Испитниот центар Скопје ги отфрла сите тврдења на кандидатите и инструкторите, нагласувајќи дека во последниот месец 478 кандидати поминале на прва. Според новиот закон, видео-снимките за комисискиот тест се чуваат само 24 часа во центрите за испит. Ова не остава простор кандидатите да поднесат жалби доколку се сомневаат во пропусти на комисијата. Овие центри за испити се приватни, а овластени од Министерството за внатрешни работи со години.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This