дома Свет Индиска студентка загина во безбедносна вежба, инструкторот ја турнал од покрив (ВОЗНЕМИРУВАЧКО...

Индиска студентка загина во безбедносна вежба, инструкторот ја турнал од покрив (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Индиската полиција го уапси инструкторот што турна 19-годишна студентка од покривот на факултет во јужната држава Тамил Наду, јави Би-би-си.

Полицијата соопшти дека „Н. Лонгесхвари почина откако беше принудена да скокне од покривот на факултетот врз заштитната мрежа пред зградата за време на безбедносна вежба“. Инструкторот ја турнал од покривот бидејќи таа не сакала да скокне, рече полицијата.

Објавена е вознемирувачка снимка што прикажува како таа при падот удира со глава во зградата. Полицијата соопшти дека го пријавила приватниот колеџ, кој воопшто немал дозвола да држи такви вежби.

„Факултетот не побарал дозвола за безбедносна вежба, што е незаконски. Секое училиште и колеџ мора да бараат дозвола од владата пред вршење вакви вежби. Полицијата го испитува случајот и инструкторот е уапсен“, изјави висок официјален претставник на владата за Би-би-си тамил.

Лонгесхвари веднаш по падот била однесена во болница, но лекарите ја прогласиле за мртва.