дома Спорт Интернационален риболовен куп „Крап 2017“

Интернационален риболовен куп „Крап 2017“

И оваа година по 8-ми пат Риболовниот клуб Крап од Радовиш го организираше традиционалниот Интернационалниот КУП-натпревар во спортски риболов во дисциплината Пливка, кој се одржа на езерото Мантово во Радовиш.


На овој натпревар кој беше под покровителство на Општина Радовиш и Градоначалникот Сашко Николов учествуваа 11 екипи од Македонија и Србија, а најдобро пласирани беа натпреварувачите од екипата на Трофеј од Струмица, втори беа гостите Наис, од Ниш, Србија, додека третото место го освоија натпреварувачите од Бабуна, Велес.

Во поединечен пласман најдобар беше Душан Живојновиќ во Наис, Ниш Србија, втор беше Предраг Џорџевиќ исто така од екипата на Наис, Ниш Србија, додека со третото место се закити Коцев Слободан од Трофеј, Струмица.

Наградите и признанијата за најдобрите ги додели Градоначалникот на Општина Радовиш Сашко Николов и Советникот за спорт и култура при Елс општина Радовиш Игор Чапов.