дома Спорт Интер добива големо засилување: Алексис Санчез пристигна во Милано

Интер добива големо засилување: Алексис Санчез пристигна во Милано

Офанзивецот на Манчестер Јунајтед, Алексис Санчез денеска е снимен на аеродромот во Милано. Чилеанецот е во италијанскиот град за да помине лекарски прегледи и да потпише со Интер.

Претходно медиумите во Англија и Италија објавија дека двата клуба конечно се договориле за детали за едногодишната позајмица на играчот.

Според „Скај Спортс“, „нероазурите“ ќе платат шест милиони фунти за заемот, а исто така ќе додадат и 4,5 милиони фунти за платата на Санчез за овој период.

Сепак, опција за откуп не е вклучена во договорот меѓу двете страни.