дома Македонија Инфлациjaта е под контpoла тврди 3aeв: Tврдењето на прехранбениот сектор дека производите...

Инфлациjaта е под контpoла тврди 3aeв: Tврдењето на прехранбениот сектор дека производите ќе поскапат за 50% е претepaно

Премиерот Зоран Заев, на денешната прес конференција рече дека тврдењето на прехранбениот сектор дека производите ќе поскапат за 50% е претерано.

Тоа не е точно. Инфлацијата во државата е контролирана и таа е до 2,7% и тоа е ниско ниво. Осетлива инфлација се чувствува над 15, 20 и тоа е факт. Ние не можеме да бидеме изолирани од настаните во светот. Отворен пазар сме и зависни од Европа и надвор од неа. Цената на струјата е главен индикатор за покачување на цените на производите на просечно ниво, не повеќе од 3%. Владата е тука за да помогне – рече Заев.