дома Актуелно ИНФОМАКС НОЌНА МОРА НА ВЛАСТА: Претседателката на Советот на град Скопје ја...

ИНФОМАКС НОЌНА МОРА НА ВЛАСТА: Претседателката на Советот на град Скопје ја фати паника од присуството на „Инфомакс“

Откако претседателката на советот на град Скопје Љубица Јанчева од СДС влезе во конфликт со своите колеги советници, на дешената седница на советот, таа ја искористи и шансата да ја покаже и својата некултура и да го навреди нашиот портал.

Имено Јанчева без никаков повод и причина откако започна расправија со советничката Ирена Попова, се обрати кон екипата на нашиот портал и не навреди.

Избезумена од расправијата со советничката и од присуството на екипата на ИНФОМАКС претседателката се сврте кон погрешна камера поточно кон репортерот на порталот и безобразно се обрати

„Инфомакс снима? Тоа беше порталот без адреса?“, кажа се олесни и продолжи со расправијата.

Очигледното стравот од популарноста на нашиот портал е се поголем кај претставниците на власта, па ја користат секоја шанса да го навредат и шиканираат нашиот портал.

 

Репортер

Борислав Стоилковиќ