дома Балкан Инцидeнт во Косово: Припадници на косовските безбедносни сили се обидоа да извлечат...

Инцидeнт во Косово: Припадници на косовските безбедносни сили се обидоа да извлечат Србин од автомобилот

Ситуацијата кај граничниот премин Брњак во Косово денеска е крајно напната откога припадници на специјалните единици на косовската полиција се обиделе насилно да извлечат возач од автомобил со регистарски таблички на Косовска Митровица, по што реагирал КФОР.

Според непотврдени информации, полицијата побарала од државјанинот од српска националност да излезе од автомобилот и да му ја отстранат регистарската табличка КМ, што тој го одбил, поради што почнале да го извлекуваат од автомобилот.

Србите кои протестираат се собраа на местото на инцидентот. Според „Косово онлајн“, возачот успеал да избега на безбедно.