дома Свет ИРАК ЌЕ СЕ ВООРУЖУВА: Багдад ќе купува современи ПВО системи С-400 од...

ИРАК ЌЕ СЕ ВООРУЖУВА: Багдад ќе купува современи ПВО системи С-400 од Москва

Делегација од Ирак наскоро ќе ја посети Москва поради преговори за купување на противвоздушни ракетни системи С-400, пишува весникот „Ашарк ел сат“

За време на состенокот ќе стане збор за можноста Багдад да купи системи С-400, што претходно не беше утврдено со договорите кои Москва ги потпиша со Багдад, бидејќи руското оружје потребно за репуликата пред се за борба против терористите на ИСИС.

По победата над ИСИС приоритетот на Ирак ќе се промени и сега државата „не сака да заостанува зад соседите кои поседуваат современи системи за ПВО“, наведува весникот.

Во октомври 2012. година Москва и Багдад потпишаа договор за испорака на 48 противвоздушни системи „Панцир С“ и 36 јуришни хеликоптери МИ-28 во вредност од 4.2 милијарди долари. Потоа деталите на договорот беа менувани поради зајакнување на влијанието на ИСИС во Ирак.