дома Свет ИРАНСКА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛКА 3APA3EHA СО KOPOHABИРУСОТ

ИРАНСКА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛКА 3APA3EHA СО KOPOHABИРУСОТ

Иранска потпретседателка имала позитивен тест на коронавирус, објавија државните медиуми, додека земјата се мачи да се справи со ширењето на заразата.

Масумех Ебтекар е меѓу 254-те заразени со коронавирусот во земјата, во која досега починале 26 луѓе, што значи дека стапката на смртност е 10%, пет пати повеќе од Кина. Во последните 24 часа, во Иран имало 106 новозаразени.

Ебтекар, која е потпретседателка за жени и семејни работи, имала благи симптоми и досега не е примена во болница.

Претходно беше соопштено дека со коронавирусот се заразил и заменик министерот за здравство.