дома Политика ИСКРШЕН ШТАБОТ НА СДСМ ВО АРАЧИНОВО: Албанците незадоволни од Заев – лажел...

ИСКРШЕН ШТАБОТ НА СДСМ ВО АРАЧИНОВО: Албанците незадоволни од Заев – лажел дека ќе даде место за пратеник од Арачиново и не исполнил!

Двојазичниот штаб на СДСМ во кој балистот Зоран Заев и радикалниот исламист, Мухамед Зекири ја промовираа двојазичноста и федерализацијата на Македонија не издржа ни четири дена.

Непознат сторител вчера ги искршил прозорците на штабот на СДСМ во скопско Арачиново.

И.Ф. од Арачиново пријавил во полиција дека околу 05 часот од возило непозната марка, кое поминувало пред неговата куќа, непознати лица фрлиле разни предмети со кои искршиле четири прозорски стакла од долниот кат на куќата, каде е сместен штабот на СДСМ.

Дали кршењето на штабот на СДСМ е резултат на револтот и разочарувањето кое владее во опозициските редови или Заев ветил пратеничко место на некој Арачиновец, а не го исполнил ветувањето, што резултирало со кршење на штабот?

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.