дома Хроника ИСТЕПАНА УШТЕ ЕДНА ПОЛИЦАЈКА: „Пајакот“ нападна уште една полицајка, овој пат уапсен!

ИСТЕПАНА УШТЕ ЕДНА ПОЛИЦАЈКА: „Пајакот“ нападна уште една полицајка, овој пат уапсен!

Повредена е уште една полицајка, овојпат во Струга. По скандалот со високиот функционер на ДУИ, Бекир Асани, во кој беше нападната припадничка на Министерство за внатрешни работи, сега нов инцидент поврзан со непрописно паркирање.

Како што објави expres.mk повикувајќи се на очевидци на настанот, инцидентот се случил сред бел ден во центарот на Струга. Полицајката вршела задачи од сообраќај и реагирала за непрописно паркирање на возило „голф“, во кое бил возачот. Возачот, за кој очевидците тврдат дека е од селото Велешта, почнал да ѝ вика на полицајката и не ѝ ги давал документите од возилото. Потоа ја навредувал и пцуел и ја истуркал кога таа сакала да го приведе.

За време на инцидентот во еден момент насилникот силно ја оттурнал со рацете полицајката, при што таа се повредила. Полицајката побарала медицинска помош, а на нејзино барање преку радио врска, на помош ѝ дошле колегите.

За разлика од инцидентот во Скопје, во кој полицајците се уплашија од политичката моќ на Асани, во Струга тие го привеле насилникот.