Тие не се согласуваат со законското решение што го предложија пратениците . Со тој закон се предвидува да се отпишат само каматите пред 2011 година.
„Ние бевме присутни на комисијата за финансирање и буџет на Република Македонија и укажавме дека не се согласуваме со тој закон, бидејќи овозможува тотален грабеж. Бараат да се плати нешто за кое ние апсолутно тврдиме дека не треба”, вели Марјан Ристески
Пратениците кои го предложија законот пак велат дека нивното решение е коректно. За дел од нив предлогот на здруженијата за целосен отпис на долговите може да се коси со Законот за облигации и да предизвика незадоволство кај граѓаните кои редовно ги плаќаат сметките, но и кај приватните фирми доверители.
Извор: 24вести