дома Свет Историјата се повторува: Ал Каеда им се придружи на Талибанците

Историјата се повторува: Ал Каеда им се придружи на Талибанците

Авганистанското движење за отпор во провинцијата Паншир објави дека терористичката организација Ал Каеда им се приклучила на талибанците.

„Ал каеда им се придружи на талибанците за да се борат против Авганистанското движење на отпорот. САД се повлекоа, историјата се повторува”, се вели во соопштението на движењето на „Твитер“.

Претходно, телевизијата „Ал џезира“ објави дека талибанците одлучиле да почнат воена операција против силите на Авганистанскиот фронт за отпор во провинцијата Паншир.

По тоа, говореше рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, кој нагласи дека Москва се надева дека Талибанците ќе се откажат од реализација на своите планови за почнување операција во провинцијата Паншир и почнување дијалог со другите сили во Авганистан, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.