дома Македонија ИСЧИСТЕНИ ПАТНИТЕ ПРАВЦИ: Укината забраната за движење на следните патни правци!

ИСЧИСТЕНИ ПАТНИТЕ ПРАВЦИ: Укината забраната за движење на следните патни правци!

Забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража се укинува од 13:45 часот, а на патниот правец крак Маврово – Дебар од 13:30 часот, соопшти Македонија пат.

Претходно, во 13:15 часот е укината забраната за камиони и на патниот правец Кичево – Охрид преку планинскиот превој Пресека.

Од 10:50 часот е укината и забраната за сообраќај за тешки товарни возила на планинскиот превој Плетвар. Забраната беше воведена утрово во осум часот од превентивни причини поради обилни врнежи од снег.

Поради снегот сеуште е во сила забраната за сообраќај на камиони на магистралниот пат Охрид – Гостивар на планинскиот превој Стража, како и на магистралниот пат Гостивар – Дебар и од Мавровска крстосница кон Дебар.

Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива во зимски услови по претежно влажни коловози, наместа со остатоци од снег на коловозот.

Патниот правец Македонски Брод – село Здуње на кој гравитираат 11 села не е прооден за секаков вид сообраќај.