дома Свет ИТАЛИЈАНСКИОТ ПРЕМИЕР: ЕУ е пред колапс, ако не се најде заеднички став...

ИТАЛИЈАНСКИОТ ПРЕМИЕР: ЕУ е пред колапс, ако не се најде заеднички став за мигрантите, Унијата ќе колабира

Европската унија ризикува да доживее колапс доколку не најде заеднички став за мигрантите, изјави денеска италијанскиот премиер Џузепе Конте.

– Ако продолжиме без заеднички пат, ризикуваме да ја уништиме европската зграда, рече Конте на прес-конференција на која зборуваше за средбата со еврокомесарот за миграции, внатрешни работи и државјанство, Димитрис Аврамопулос, во Рим.

Аврамопулос разговараше и со заменик-премиерот и министер за внатрешни работи Матео Салвини, кој одбива да дозволи пристап на бродовите со мигранти на италијанските пристаништа.

– Ние му претставивме на Аврамопулос што Италија направи досега. Ние сме носители на промените на правецот кој носи успех. Италија е препуштена сама на себе и сама се носи со тој проблем, истакна италијанскиот премиер Конте.