December 6, 2022, 7:39 pm

Италијански компании заинтересирани да инвестираат во Србија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Интересот на италијанските компании да инвестираат во Србија, и покрај моменталната состојба, не опаѓа и нивните деловни искуства се позитивни бидејќи се покажа дека Србија е идеална дестинација за странски директни инвестиции, изјави денеска италијанскиот амбасадор во Белград Карло Ло Касо.

Тој на белградскиот економски форум рече дека Италија е еден од главните инвеститори во Србија и втор по големина економски партнер.

„Интересот на италијанските компании за Србија никогаш не опадна“, рече Ло Касо.

Тој додаде дека сегашната состојба, имајќи ги предвид околностите заради пандемијата, е далеку од задоволителна и дека е тешко да се патува, панаѓурите и сличните настани се одложуваат …

Тој потсети дека италијанската влада ги поддржува компаниите кои се ориентирани кон извоз.

„Србија е идеална дестинација за странски директни инвестиции од многу причини, вклучително и пристап до меѓународни пазари и географска локација“, додаде Ло Касо.

Тој вели дека италијанските компании се присутни во различни сектори од ИТ, автомобилската индустрија, финансиските услуги и ги има насекаде во Србија – од Суботица до Врање.

„И покрај овие проблематични месеци, имавме многу барања од италијански компании кои сакаа да ја проверат ситуацијата во Србија. Разговаравме со компании во последните шест или седум месеци, и покрај тешкотиите, тие покажаа посветеност и решеност да не отпуштаат работници, се заинтересирани да останат во Србија и се благодарни за финансиската поддршка што ја дава владата на почетокот на пандемијата“, рече Ло Касо.

Компаниите кои работат во Србија се прилично задоволни, а искуствата и трендовите се исто така добри и позитивни, нагласи тој.

Ло Касо додаде дека Италија одлучи да инвестира во Србија кога никој не размислуваше за тоа.

Сега гледаме колку беше важна таа одлука, рече Ло Касо.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This