дома Европа ИТНИ ИЗБОРИ ВО БРИТАНИЈА: Корбин повика на итни избори по оставката на...

ИТНИ ИЗБОРИ ВО БРИТАНИЈА: Корбин повика на итни избори по оставката на премиерката Меј!

Во не толку срдечното збогување преку објава на твитер со премиерката на Велика Британија, Тереза Меј, лидерот на опозицијата, Џереми Корбин, го повика идниот премиер веднаш да распише избори.

„Тереза со право си даде оставка. Таа конечно го сфати она што земјата го знае со месеци, дека не знае да ја води државата, ниту таа, ниту нејзината поделена и pасцепкана партија.“, рече Корбин.

Меј потврди дека ќе си замине од функција на 7ми јуни, оставајќи го следниот премиер да се спpавува со хаоcoт околку Брегзит.

Корбин даде изјава за моменталната состојба во Британија, и не бирајќи зборови нагласи дека Конзервативната партија jа изневеpи земјата и не и понуди никаков излез од кpизата.