дома Актуелно ИТНО ОСЛОБОДУВАЊЕ НА ПАТРИОТИТЕ: Семејството на Горан Ангелов се заблагодари на огромната...

ИТНО ОСЛОБОДУВАЊЕ НА ПАТРИОТИТЕ: Семејството на Горан Ангелов се заблагодари на огромната поддршка од дијаспората!

Помеѓу барањата за итен прекин на преговорите за името, повлекувањето на законот за двојазичност, дијаспората вчера испорача и барање за итно ослободување на неправедно притворените за случувањата на 27. април минатата година

 

Дијаспората смета дека луѓето притворени и обвинети за тероризам, се политички затвореници на актуелната власт, барајќи истите итно да бидат ослободени од сите обвиненија и пуштени на слобода.

Семејството на претседателот на МПЗ „Андон Лазов Јанев – Ќосето“ Горан Ангелов од Велес, преку неговиот ФБ профил се заблагодари за поддршката од дијаспората.

Преку 60.000 Македонци протестираа денес во Мелбурн, Сиднеј, Перт и Бризбејн, и уште толку во 14 други градови низ светот.

Денес во 13.00 часот ќе се одржи протест и на плоштадот „Македонија“ во Скопје.