И Александар Сорос на вечерата на Заев, Ковачевски, Вучиќ и Рама

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонската и српската делегација, предводени од премиерот Зоран Заев, односно претседателот Алекандар Вучиќ, вечерва во Елбасан беа пречекани од домаќинот, албанскиот премиер Еди Рама и вицепремерот Арбен Ахметај и министри од владата со што започна работната агенда за „Отворен Балкан“. Делегациите, особено српската, во Fish City пристигнаа под силно полициско обезбедување, а големи полициски сили има на поширокото подрачје околу објектот, каде е неформалната вечера, јави дописничката на МИА од Тирана. Во македонската делегација, што ја предводи Заев, се замениците министри за финансии Димитар Ковачевски и за земјоделство Трајан Димковски, како и голем број стопанственици.

Според Ора њуз, на вечерата присуствувал и Александар Сорос, син на милјардерот Џорџ Сорос, кој е голем пријател на Рама. Тој во Елбасан пристигнал со приватен автомобил.

Според официјалната агенда, утре во 9 часот делегациите треба да прстигнат во Палатата на бригадите во Тирана, по што во 9:05 ќе има средба Рама-Заев-Вучиќ. Во 9:30 почнува состанокот на кој прв ќе се обрати домаќинот, Рама, потоа Вучиќ, па Заев како и Комесарот за проширување и добрососедска политика, Оливер Вархеји, генералниот секретар на Советот за регионална соработка, Мајлинда Брегу, директорот на Секретаријатот на ЦЕФТА, Емир Џикиќ, како и директор на Транспортната заедница, Матеј Закоњшек. По потпишувањето на петте договори за во 13 часот е најавена заедничка прес конференција.

Latest News

Euro 2024 Schedule Revealed Key Dates and Matches

The UEFA European Championship, commonly known as the Euros, is one of the most prestigious football tournaments in the...

More Articles Like This