дома Македонија И БЕЈЛИ Е ВО СОБРАНИЕ: Американскиот амбасадор притиска за промена на името!

И БЕЈЛИ Е ВО СОБРАНИЕ: Американскиот амбасадор притиска за промена на името!

Во моментов премиерот Зоран Заев со претседателот на ДУИ, Али Ахмети, е во кабинетот на Талат Џафери. Во кабинетот на Џафери во законодавниот дом, неофицијално и амбасадорот Џес Бејли.

Скоро „собраното” парламентарно мнозинство за уставни измени, почна да се намалува, а неофицијално Заев сега е на 75 пратеници во поддршка, но сето ова е на ниво на шпекулација.

На координацијата треба да се донесе одлука дали да прекине денешната незапочната седница и истата да се презакаже за среда, со можност да се изгуби поддршката, или да се продолжи со притисок.

Неофицијално партиски извори од СДСМ, информираат дека веќе му укажале на Заев, дека уцените и заканите добиваат на огромно негативно незадоволство не само кај партиските членови туку и кај народот кој е информиран од прва рака.