дома Македонија И вечервa eнормно зaгaдување на воздухот, властите без мерки

И вечервa eнормно зaгaдување на воздухот, властите без мерки

Загадениот воздух и понатаму е рак рана за граѓаните на Македонија. И вечерва мерните станици за квалитетот на воздухот покажуваат енормно загадување на воздухот.


Имено, вечерва во Кавадарци се зимерени дури 273 ПМ 10 честички на метар кубен или дури пет пати повеќе од дозволеното ниво. Веднаш по него, е општина Куманово со измерени 252 ПМ 10 честички, Гостивар до 241, а висока загаденост на воздухот е измерена во скопско Лисиче со 221 ПМ 10 честички на метар кубен, додека во Велес се измерени 214 а во Кичево 187 ПМ 10 честички на метар кубен


Од страна на централната и локалните власт се уште нема соодветни мерки за заштита на здравјето на граѓаните и намалување на загаденоста на воздухот.