дома Македонија И ВОЈВОДИ МУ ПИШАА НА ПЕНДАРОВСКИ: Дали се свесни колку македонска кpв...

И ВОЈВОДИ МУ ПИШАА НА ПЕНДАРОВСКИ: Дали се свесни колку македонска кpв е пpoлеана изминативе години ?

Соопштение Во текот на вчерашниот ден, ние како навивачка група бевме исконтактирани од Кабинетот на Претседателот Стево Пендаровски, и бевме поканети на заедничка средба со други навивачки групи од Македонија.

И ние, како и нашите браќа Комити, ја поздравуваме оваа иницијатива на Претседателот, меѓутоа денеска прочитавме став на Претседателот дека целта е помирување на навивачките групи во Македонија. И сега се прашуваме, за какво помирување ќе зборуваме ???

Дали се свесни колку македонска крв е пролеана изминативе години ? Дали знаат колку наши припадници се нападнати со тврди предмети, ножеви и слично? Раните од убиството на Саздо се сеуште свежи…

Нема една мирна година каде што нема да заплаче некоја мајка македонска…

Ние како навивачка група Војводи имаме свои КОДЕКСИ и нашиот став околу кодексите е едногласен и непроменлив
– Ние не ја признаваме Северна Македонија, поточно за нас оваа држава секогаш ќе биде Република Македонија
– Ние се бориме за унитарна Македонија
– Ние НИКОГАШ нема да преговараме со група која работи против македонските интереси, група која не ја признава оваа држава, група која не го почитува Уставот, група која има анти – македонски ставови и група која на своја трибина го пали македонското знаме
– Се оградуваме од политички влијанија и контакти со политички лица бидејќи ние се бориме за нашите интереси, сепак ние сме навивачи, а не политичари

П.С. И како македонски граѓани имаме барање до Претседателот Стево Пендаровски. На неговата средба со балисти и шверцери да им постави прашање: на следниот фудбалски натпревар помеѓу репрезентациите на Македонија и Косово наскоро, за кого ќе навиваат ?!

Со почит,

навивачка група ВОЈВОДИ ТЕТОВО