дома Македонија И ЗАЕВИСТИТЕ КРЕНАА РАЦЕ ОД ЗАЕВ: Промената на името го дoyништи пpaвниот...

И ЗАЕВИСТИТЕ КРЕНАА РАЦЕ ОД ЗАЕВ: Промената на името го дoyништи пpaвниот пopeдок во Република Македонија

Новинарот Зоран Иванов кој што важеше за еден од најголемите поддржувачи на политиките на СДСМ и Зоран Заев вклучувуајќи ја и промената на името, по се изгледа крена раце од него. Иванов во своето гостување во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија истакна дека Преспанскиот договор го доуништи правниот поредок во Македонија. Воедно тој коментира дека во моментов немаме правна дражва.

-Се почна со можеби и онака руинираниот правен систем со Преспанскиот договор се доуништи правниот поредок во Република Македонија. Тука можеби криминалот си најде свое ухлебие ако може нешто да изрекетира, да подмити нешто да искорумпира за да може ништо да не важи во оваа држава. И сега вие имате една лимбо ситуација во која ние не сме ни правна држава ни политичка држава. Ниту политиката е доминантна таа се покрива со правото, а правото не постои во вистинска смисла на зборот, вели Иванов.