дома Актуелно И КОНДУРИТЕ ДА МУ ГИ ИЗГЛАНЦА: Бугарскиот претседател вели дека извинување на...

И КОНДУРИТЕ ДА МУ ГИ ИЗГЛАНЦА: Бугарскиот претседател вели дека извинување на Фејсбук не е доволно, бара Заев да му се извини официјално!

Румен Радев, претседателот на Бугарија, изјави дека тоа што го напишал македонскиот премиер Зоран Заев на Фејсбук не било извинување како што тврдат бугарските медиуми.

– Вие слушнавте да име извинување?. Јас не слушнав. Тоа на Фејсбук не е извинување. Тој (Заев) посочи дека се работи за грешка, но не ги коригира мислите. Не може се да се сведе на политички пи-ар и долгорочно да не се размислува. Ја повикувам Владата на Бугарија да утврди дали е прекршена некоја одредба од договорот за добрососедски односи со Македонија – рече Радев во одговор на брифинг со новинарите.

Заев не се извини експлицитно, но изрази жалење на Фејсбук откако неколку дена претходно изјави дека „Илинденското востание е македонско“, на што реагираа официјални функционери во Бугарија и лидери на партии од таа земја.

Заев со цел да ги смири тензиите изрази жалење на Фејсбук, а бугарските медиуми тоа го протолкуваа како извинување.