дома Актуелно И ЛАТАС ПРЕДУПРЕДУВАШЕ: Дека СЈО ќе го ослободи Заев беше очекувано, но...

И ЛАТАС ПРЕДУПРЕДУВАШЕ: Дека СЈО ќе го ослободи Заев беше очекувано, но се очекуваше и негово апсење пред тоа!

Изминатава година многу новинари и експерти предупредуваа дека СЈО е продолжена рака на СДСМ и дека многу е веројатно Заев да биде ослободен од обвиненијата за кои се товари.

Ситуацијата со СЈО најдобро ја согледа главниот и одговорен уредник на ТВ Сител, Драган Павловиќ Латас, кој во гостување во емисијата на Јанко Илкоски, уште пред еден месец, на 6 декември, рече:

– Тоа е факт, таа судска пресуда не може никој да ја поништи, па ни СЈО. СЈО сега прави една обична работа која треба да има историска димензија. Најважно на СЈО им е сега да докаже дека не слушале странци, слушале наши. Второ, Заев да биде ослободен од одговорност, заедно со Верушевски, СЈО ќе ги повлече обвиненијата и ќе обвини други луѓе.

Се докажа дека Латас бил во право, СЈО е партиска подружница на СДСМ, целосно непрофесионална институција, која се води од сѐ само не од Уставот и законите на Република Македонија.

Денес СЈО го повлече обвинението во случајот „Пуч“, во кој Зоран Заев беше второобвинет, со што само ги потврди тезите на експертите.