дома Локално И оваа недела продолжува маршот во Кичево: Ќе останеме на улица колку...

И оваа недела продолжува маршот во Кичево: Ќе останеме на улица колку што е потребно

Пред Домот на културата во Кичево вечерва продолжи грѓанскиот протест на иницијативата „За заедничка Македонија”.

На присутните им се обрати Даме Силјаноски кој во име на иницијативата рече дека и оваа недела маршот продолжува.

– Ви благодарам што неуморно стоите на браникот на татковината, во одбраната на нејзината унитарност и самостојност. За нас е неприфатливо да се промовира и прифати платформа во која се бара воведување двојазичност и почнување разговори за промена на државното уредување, истакна Силјаноски.

Ќе останеме на улица, додаде, колку што е потребно, и не застануваме.

Протестот заврши по маршот низ улиците на градот.