дома Актуелно И ОФИЦИЈАЛНО: Ова се мерките на Владата кои ќе важат на Велигден

И ОФИЦИЈАЛНО: Ова се мерките на Владата кои ќе важат на Велигден

Владата на Република Македонија на денешната 40-та седница го разгледа и усвои предлогот за продолжување на зaбраната и посебниот peжим на движење на територијата на Република Северна Македонија за време на претстојниот христијански празник Велигден, односно зaбраната за движење ќе започне од 17 април 2020 година (петок) од 16:00 часот и ќе трае до 21 април 2020 година (вторник) до 05:00 часот.

Согласно оваа зaбрана и посебен режим на движење, Владата го задолжи Министерството за внатрешни работи да ги интензивира контролите околу верските храмови за време на претстојниот празник.

Дополнително, со одлука на Владата е усвоен предлогот на Главниот координативен kpизен штаб од состанокот што се одржа денеска, од четврток 16 април во 16:00 часот, до 05:00 часот во вторник 21 април да се зaбрани движење и групирање, односно да се затворат сите паркови, излетнички места, места за рекреација во националните паркови и шуми, како и викенд населбите за време на периодот на зaбраната и посебен режим на движење за претстојниот празник, а Министерството за внатрешни работи да ги интензивира контролите на овие места.

За лицата над 67-годишна возраст останува активна зaбраната во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 10:00 до 12:00 часот. Во понеделник, 20 април, за овие и за сите други граѓани има целосна зaбрана.

За сите лица до 18 години останува активна зaбраната за движење во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 13:00 до 15:00 часот. Во понеделник, 20 април, за овие и за сите други лица има целосна зaбрана.