дома Македонија И ПАРТИЈАТА НЕ МУ ВEРУВА: Намалена листата на донатори кои донираа за...

И ПАРТИЈАТА НЕ МУ ВEРУВА: Намалена листата на донатори кои донираа за кампањите на СДСМ!

СДСМ во предизборната кампања за локалните избори во 2017-та година имаше 743 донатори. Меѓу нив, бројни партиски функционери, истакнати активисти на партијата и поддржувачи.

Во оваа кампања, според извештајот на СДСМ, партијата има само 11 донатори кои како физички лица донирале 150.000 денари.

Дали партиското раководство уште му верува на СДСМ? Каде се донаторите кои до минатите избори даваа пари за кампања на матичната партија?

Инаку, во својата досегашна кампања, Пендаровски има потрошено 10 милиони денари од џебот на партиските членови, но не дадени како донација, туку земени од партискиот буџет каде членовите на СДСМ плаќаат членарина. Тие луѓе не сакале да донираат директно за кампањата на СДСМ, па од таму нашле друг начин да ги потрошат нивните пари.