дома КОВИД-19 (Коронавирус) И покрај бројот на зapaзени: Учениците оcтануваат во училишните клупи, распустот ќе...

И покрај бројот на зapaзени: Учениците оcтануваат во училишните клупи, распустот ќе биде во јануари

Школскиот зимски распуст за учениците во основно и во средно образование ќе биде како и секоја година, во јануари, изјави министерката за образование и наука Мила Царовска која денеска беше во посета на Битола.

Царовска потсети дека во овој период, до 20 ноември ќе заврши првото тромесечие и ќе се формираат оценки, а до крајот на годината ќе заврши второто тромесечие.

Оваа година, поради пaндемијата со ковид-19 учебната година наместо на 1 септември, почна на 1 откомври, а наставата се одвива со физичко присуство за учениците до трето одделние и онлајн, за сите останати.