February 7, 2023, 9:54 pm

И Полска ќе гради ѕид за да се зaштити од авганистанските бeгaлци

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Полскиот министер за одбрана Мариуш Блашчек на Твитер објави дека се планира изградба на силен ѕид, висок 2,5 метри, на границата со Белорусија.

Тој исто така најави дека ќе испрати дополнителни сили на границата за да им помогне на граничарите. Тој вети дека во блиска иднина ќе претстави план за зајакнување на границата со Белорусија.

На 19 август, министерот објави фотографии од бодликава жица што почна да се крева долж границата, со цел да ги спречи бегалците од Блискиот Исток да преминат од територијата на Белорусија во Полска.

Министерството за одбрана минатата недела објави дека ја повлекле бодликавата жица до 100 од 418 километри од границата и дека наскоро ќе поминат уште 50 километри.
Претходно, Литванија исто така објави дека ќе изгради ѕид на границата со Белорусија. Изградба на ѕид најави и Грција.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This