дома Македонија И РАДИОДИФУЗНАТА НЕ Е УКИНАТА КАКО ШТО ТРЕБА: За да им вратат...

И РАДИОДИФУЗНАТА НЕ Е УКИНАТА КАКО ШТО ТРЕБА: За да им вратат 290 денари за РДТ, граѓаните плаќале 300 денари за обрасци!

Народниот правобранител, Иџет Мемети, денеска алармираше дека Управата за јавни приходи постапувала спротивно на човековите права. Мемети се пожали дека при враќање на парите за радиодифузна такса на граѓаните, Управата за јавни приходи им наплаќала на граѓаните 300 денари за образец што треба да го пополнат за да им бидат вратени 290 денари.

Според Мемети ова е парадоксално постапување на УЈП.

Презентирајќи го својот годишен извештај, Мемети истакна дека се поприсутна е селективна правда, партизирана и непрофесионална администрација на централно, а особено на локално ниво. Ова, рече, е сериозна пречка во остварување на правата на граѓаните.

Лани Народниот правобранител работел на 4.185 преставки, при што биле костатирани 1.137 повреди на човековите слободи и права. За 970 случаи оној што ја направил повредата ги прифатил забелешките на Народниот правобранител, за 104 постапката е во тек, а во 63 случаи и по сите преземени дејства препораките и забелешките не се прифатени.