дома Балкан И Словенија се подготвува за освојување на вселената!?

И Словенија се подготвува за освојување на вселената!?

Словенечката влада објави дека одобрила почетни средства за лансирање на првите два сателити проектирани во Словенија.

Сателитите треба да бидат лансирани во вселената во првата половина од следната година со ракетата Вега на компанијата „ Arianespace“.

Станува збор за микросателитот НЕМО ХД развиен од словенечки инженери, за кој 85 проценти од средствата се дадени од страна на ЕУ, а 15 проценти од државниот буџет.

Сателитот тежок 65 килограми кој од височина од 600 километри ќе ја снима Земјата е дополнение на европскиот систем „Коперникс. Сателитот ќе собира информации за потребите на урбанизмот,екологијата,земјоделието, шумарството и транспортот, пренесуваат медиумите од Словенија. “

Владата на Словенија за прокетот на финансирање и лансирање обезбедила 830 000 евра, а од подготовка на проектот па се до полетувањето вкупните трошоци ќе изнесуваат 2,3 милиони евра, во рамките на програмата на Европската вселенска агенција.

Словенија пред само две години станала придружна членка на Европската вселенска агенција и сега конкурира за редовно членство.

Покрај микросателитот Немо ХД Словенија од ракетата Вега во вселената ќе го лансира и наносателитот Трисат тежок 4,4 килограми.

Овој сателит ќе ја снима Земјата со краткоталасен инфрацрвен спектар.