дома Македонија И СПАСОВСКИ ПОБАРА ПРОЧКА: Простете ми за моите грешки!

И СПАСОВСКИ ПОБАРА ПРОЧКА: Простете ми за моите грешки!

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој долго беше најавуван како претседателски кандидат на СДСМ, откако се прости од кандидатурата, прошка побара и од граѓаните.

Тој, на својот Фејсбук профил, по повод денешниот празник Прочка, побара прошка за неговите грешки:

– Почитувани граѓани и пријатели, денеска е ден за простување. Да се почитуваме, да има разбирање и толеранција и со љубов сите заедно да го градиме нашето општество. Меѓусебното почитување, солидарноста и правдата да бидат нашиот живот. Простете за моите грешки. За многу години, побара проштевање Спасовски.