дома Македонија И ТАТКОТО НА БОКИ 13 ЌЕ СИ ЛEЖИ?: За „Peкет“ ocoмничен и...

И ТАТКОТО НА БОКИ 13 ЌЕ СИ ЛEЖИ?: За „Peкет“ ocoмничен и Миле Јовановски

Меѓу осомничените во новата истрага за „Рекет“, како што дознава „А1он“, е и таткото на Бојан Јовановски, Миле Јовановски. Во случајот „Рекет“ досега обвинети се Бојан Јовановски – Боки 13, кој се сомничи за „примање награда за противзаконито влијание“ и за „перење пари и други приноси од казниво дело“, Зоран Милески Кичеец кој се сомничи за трговија со влијание и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева која е осомничена за злоупотреба на службената положба и овластување. Јовановски и Јанева се во притвор во КПУ Затвор Скопје, а Милевски е во домашен притвор. Јовановски вчера требаше да даде исказ во Обвинителството, но му се слоши и со брза помош беше однесен во болница, а потоа вратен во притвор.