дома Македонија И ТУРЦИТЕ СО СВОЈ КАНДИДАТ: Партиите на Турците ќе имаат заеднички кандидат...

И ТУРЦИТЕ СО СВОЈ КАНДИДАТ: Партиите на Турците ќе имаат заеднички кандидат за претседател на државата?

Партијата за Движење на Турците во Македонија (ТХП) под мотото „Единство и солидарност“, во Ресен го одржа 4-тиот вонреден тематски конгрес. Претседателот на ТХП, Енес Ибрахим, во своето излагање се осврни на успешно заокружениот процес на решавање на проблемот со Р.Грција, со што се отворија вратите на НАТО и ЕУ, потенцирајќи дека особено важно е што во овој процес и пратениците со турско потекло од грчкото собрание дадоа силна поддршка, соопшти партијата.

– Генералното мислење на делегатите е дека на престојните претседателски избори редно време е за прв пат во историјата на самостојна Македонија, Турците да имаат свој претседателски кандидат. Во оваа насока Ибрахим ги покани сите турски политички субјекти да се соединат околу заеднички кандидат – соопшти ТХП.