дома Европа И тeлeфoнoт нa Макрон бил мeтa нa „Пeгac“

И тeлeфoнoт нa Макрон бил мeтa нa „Пeгac“

Телефонот на францускиот претседател Емануел Макрон бил мета на шпионски надзор од страна на Мароко со израелскиот софтвер Пегас.

Ова го објави францускиот дневен весник „Монд“. Претходно денеска, француското обвинителство објави дека започнува истрага за скандалот со шпионите.

Меѓународната истрага спроведена од новинари од 17 публикации, вклучително и „Вашингтон пост“, „Гардијан“, „Монд“ и „Дојче цајтунг“, открила дека шпионската програма „Пегас“ била користена во околу 50 земји.

Стотици бранители на човекови права, новинари и опозициски личности во многу земји во светот биле прислушувани и следени со специјален софтвер развиен од израелска компанија.