дома Македонија И Цановски им откажа љyбoв на CДCM

И Цановски им откажа љyбoв на CДCM

Незгодна реакција на братот на бизнисменот Фиат Цановски до портпаролот на СДСМ и пратеник Костадин Костадинов.

Бизнисменот Томор Цановски реагира на пораката на Костадинов кој од Собранието порача:

“И покрај сите блокади на ВМРО-ДПМНЕ, правиме се за да успееме!
И ве уверувам дека ќе успееме со ВМРО-ДПМНЕ или без нив!”.

Според братот на Фиат Цановски чија партија ПЕИ е дел од коалицијата на СДСМ македонските Торбеши веќе нема да гласаат за неа.

“Добро ви прави ВМРО, пошто сите ги оставивте на функцији каде и што беја. Није што останавне по улици да рушиме режим и понатака сме на улица. Зато ке дојдат избори ама ТОРБЕШКИ глас за вас НЕ !!!”, дециден е Цановски.

Партијата ПЕИ бара во Македонија да биде признаена Торбешка етничка група.

Постот на Костадинов

Терминот Торбеши во текстот се користи затоа што членовите на ПЕИ така се дефинираат како лична етничка определба и право на самоидентификација.