дома Македонија И ШИЛЕГОВ МУ ГО БАЦИ ПЕНКАЛОТО НА СТОЛТЕНБЕРГ: Улицата Аминта Трети доби...

И ШИЛЕГОВ МУ ГО БАЦИ ПЕНКАЛОТО НА СТОЛТЕНБЕРГ: Улицата Аминта Трети доби ново име, Столтенбергова

Некој пие од среќа, некој од тага, а некој богами од сабајле. Во текот на денешниот ден и градоначалникот на Град Скопје му го баци пенкалото на Столтенберг и ја преименуваше улицата Аминта Трети во Столтенбергова. Нејасно е дали можеби и преименувањето на улицата е дел од договорот со Грција за промена на името, бидејќи таа досега го носеше името на Античкиот македонски крал Аминта III кој впрочем е татко на Филип II и дедо на Александар Македонски.

 

Мојот татко ќе беше многу почестен што добива улица во градот кој секогаш имал посебно место во неговото срце, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на откривањето на улицата Столтенбергова во Градски парк во Скопје, пред стадионот „Филип Втори“.

Улицата е именувана по норвешки дипломат Торвалт Столтенберг татко на Јенс Столтенберг, кој почина пред неколку месеци.