дома Македонија И ЈОХАНЕС ХАН ПОТВРДИ: Разговорите за тоа дали Македонија ќе добие датум...

И ЈОХАНЕС ХАН ПОТВРДИ: Разговорите за тоа дали Македонија ќе добие датум ќе продолжат идната година – до тогаш, ништо

„Драго ми е што Советот на ЕУ ја виде светлината на заклучоците за проширување, особено на Албанија и во иднина Северна Македонија, по долга дебата. Патот кон разговори за пристапување ќе продолжи на 19 јуни. Клучен сигнал за регионот дека прогресот се наградува. И клучно за сопствениот кредибилитет на ЕУ“ – напиша Јоханес Хан на Твитер.

Со ова испрати јасна порака дека Македонија нема добиено датум за почеток на преговори, ниту пак условен датум за почеток на преговори, туку ситуацијата за тоа дали треба да добиеме датум за преговори повторно ќе се разгледува идната година на 19 јуни, на следниот состанок на Советот на ЕУ.

Сепак, пропагандата предводена од Роберт Поповски и владата на Зоран Заев, се обидува да го претстави овој дебакл како некаква победа.

За жал, далеку од вистината се тврдењата на Заев и неговата влада.