дома Европа Иcтрaгa за 30.000 ocoмничeни за пeдoфилиja Во Германија

Иcтрaгa за 30.000 ocoмничeни за пeдoфилиja Во Германија

Германското правосудство води истрага за 30.000 лица осомничени за педофилија во западниот дел на земјата, соопштија денеска локалните власти.

– Сакаме да ги извлечеме од анонимноста на Интернетот сторителите кои злоставуваат деца и оние кои ги поддржуваат, изјави министерот за правда за регионот Северна Рајна-Вестфалија, Питер Бисенбах.

Во аферата што избувна минатата есен во градот Бергиш Гладбах досега се осомничени околу 70 лица. Осомничените со години злоставувале и злоупотребувале деца, а снимките ги споделувале со групи на Интернет.

До сега се откриени повеќе групи со по повеќе илјади членови.