дома Локално КАБИНЕТОТ НА КУРТО ДУДУШ СЕ ПОПЛАВИ: Поради обилните врнежи на дожд, се...

КАБИНЕТОТ НА КУРТО ДУДУШ СЕ ПОПЛАВИ: Поради обилните врнежи на дожд, се поплави кабинетот на градоначалникот на Шуто Оризари

Актуелниот градоначалник на општина Шуто Оризари, Курто Дудуш, испрати фотографии од неговиот поплавен кабинет. Како што вели тој, канцеларијата постојано е во ваква состојба кога врне дожд.

 

„Според сведоштвата на вработените ваквата ситуација е константна наназад години поради лошата кровна конструкција.

– Претходниот градоначалник Елвис Бајрам наместо да интервенира во кровна реконструкција инвестирал во проширување и реновирање на сопствената канцеларија“, вели Дудуш.

Тој вели дека општината е под ризик од избивање на поголем проблем поради протекување на вода директно во струјната инсталација.